Кадетките завршија последни на ЕП

Паралелно со машкото Светско првенство до 19 години што се игра во Хрватска, се игра и женско ЕХФ Еуро до 17 години што се игра во Црна Гора. 
На ова кадетско првенство настапуваше и репрезентацијата на Македонија. Нашите млади ракометарки не се прославија со настапот, загубија на сите натпревари и првенството го завршија на последното 16 место. 

Денеска на последниот меч беа убедливо совладани и од репрезентацијата на Исланд 25-34 (12-14). 

Ова беше поинакво искуство за кадетските ракометарки кои минаа слично како и нивните малку повозрасни колешки од јуниорската репрезентација. Играњето во европската елита по подолга пауза беше судир со реалноста со која помалку го имавме изгубено осетот по годините минати во ЕХФ Шампионатите. 

Овој пласман значи дека следната генерација на кадетски репрезентативки, девојките што ќе се борат за место на ЕХФ Еуро У17 во 2025 ќе мора да играат квалификации.
Оваа, пак, генерација со оглед на проширувањето на ЕХФ Еуро и во следниот циклус У19 ќе има место на ЕХФ Еуро. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk