Е. Пелистер денеска против Партизан

Екипата на Е. Пелистер од вчера е во Белград привремена кратка база на патот кон Добој каде што ќе учествува на ТВ Турнирот на шампионите.
Еурофарм Пелистер вчера тренираше во Белград, а денеска ќе одигра контролен натпревар со екипата на Партизан, меч што ќе почне во 19:30 часот во салата „Шумице“.

Партизан годинава го напуштија неколку играчи, меѓу кои и Петриќ (Вардар 1961), но на контролата со екипата на Бутел Скопје, запише сигурна победа 37-28 (18-10). 

Е. Пелистер би требало да биде далеку поголем залак, ако ништо друго, тогаш поради тоа што се наоѓа во понапредна фаза од подготовките од бутелчани. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk