Ракометари од Африка „избегаа“ во Хрватска

Хрватската полиција информираше дека 10 млади лица, родени 2006 година се оддалечиле од спортскиот центар во Ријека каде што биле сместени за време на мундијалот и дека потоа им се губи секаква трага. 
Се работи за 10 ракометари на репрезентацијата на Бурунди, кои ги исклучиле своите телефони и секаков контакт со нив е прекинат.

Претпоставка е дека овие 10 ракометари, емигрирале - избегале со цел да не се вратат назад во својата држава туку да си ја побараат среќата во Хрватска или некаде низ Европа. 
Хрватската полиција трага по нив, наскоро можеби ќе има и некаков епилог за овој случај. 

Поврзани вести