Нов плејмејкер во Е. Пелистер!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер има нов организаторт на играта. Битолчани решија да се подноват и засилат со 22 годишен словенечки ракометар кој досега играше за екипата на Горење Велење.

Домен Тајник е новото име во редовите на македонскиот шампион. Има завидна статистика зад себе од екипата на Горење, меѓудругото впишани и 12 гола на меч против Целје со кој Горење минатата година прекина 10 годишен пост во битката за пехари на неговиот клуб. 

Тајник е организатор, реализатор, играч каков што му треба на битолскиот тим кој има исклучително тешка група во Лигата на шампионите. Настрана тоа, ќе треба да ја оправда и шампионската улога во македонскиот шампионат, а тоа нема да биде едноставно како што што се претпоставува. 

Договорот на Домен Тајник и Е. Пелистер е тригодишен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk