МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 29-22 (14-8)
Македонските кадети го подобрија својот скор и влегоа меѓу најдобрите 12 репрезентации на светот на возраст до 19 години.
Денеска, Македонија ја совлада Австрија и го освои третото место во групата “3“ од Главната рунда, а тоа носи разигрување за пласман од 9-12 место.
Избраниците на Раде Стојановиќ уште еднаш демонстрираа добар ракомет, можеме да констатираме дека веќе се гради силен систем со добра транзиција, одбрана и зрела игра. Тоа засега ни носи резултат, простор за напредок има уште многу.
Македонија беше подобриот противник во првиот дел. Имавме подобра одбрана зачинета со одличниот Давид Брестовац, особено во вториот дел од полувремето. Австрија има повисоки играчи, но македонскиот тим подобро се
Почетното испитување на силите мина во игра гол за гол, а Македонија беше екипата што диктираше резултат и водеше со гол-два разлика.
Во последните 10 минути од полувремето, Австрија се одлучи и со седум на шест. Во напад не им донесе ништо, напротив 10 минути не постигнаа гол, а Македонија, иако не постигна гол на празна мрежа, ја искористи шансата во разнишаната одбрана и од 11-8, со три гола по ред стигна до 14-8 на полувреме.
На почетокот на вториот дел, при водство од 16-9, Македонија имаше контра напад 2 на 1 и можеше да ја потопи Австрија, но искомплицираа и промашија. Така Австрија остана во живот, постигна два гола по ред, намали на 11-16 и теоретски се врати во игра.
По ова одново следуваше игра гол за гол, намалија и на минус четири противничките играчи, но македонскиот тим одолеваше и успеваше да им ја пробие зоната и да ја одржи разликата.
Немаше место за неспокој, во 48 минута Македонија си ја врати разликата од плус шест актуелна на полувреме, а потоа додаде уште два приморувајќи го селекторот на Австрија да бара тајм аут во 52 минута при резултат 24-16.
Докрајот, Македонија рутински ја здржа разликата и запиша вредна победа.
Мирче Калајџиески беше прогласен за МВП на натпреварот.
Следно за репрезентацијата на Македонија е битката за влез во светскиот Топ 10. Ќе играме уште два натпревари до крајот на мундијалот. На 10 против третопласираната екипа од групата „1“, а потоа во зависност од резултатот на таа средба ќе играме или за 9 место или за 11 место.