Новата светска ѕвезда е од Фарски острови

Фарските острови и се приклучија на Португалија на врвот на земји што произведуваат врвни ракометари уште во најмладите категории. 

Минатата година ги видовме Елијас Елефсен а Скипаготу и Вест Тејгум и тие двајца веќе направија големи трансфери и се преселија во редовите на Кил и Фуксе Берлин, а сѐ уште се тинејџери. 

Годинава доаѓа и третата ѕвезда од Фарски острови. За него веќе имаме пишувано, не е големо изненадување, но сега на дело покажува дека се работи за вонсериски потенцијал. 

Зборуваме за централниот бек Оли Митун кој се натпреварува на мундијалот во Хрватска. Оли Митун вчера и даде 13 гола на Германија, а Фарски острови запишаа една од најценетите победи во нивната ракометна историја. 
Во моментов е најдобриот стрелец на кадетскиот мундијал со 50 постигнати голови на четири натпревари или просек од 12.5 гола на натпревар. 
Оли Митун минатата сезона се пресели во Шведска каде што една година играше заедно со Елијас Скипаготу во екипата на Севехоф. Скипаготу рековме замина, Митун веројатно уште најмалку една сезона ќе се кали во Шведска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk