Познати и термините за „Струга 2023“

Најстариот ракометен турнир во Македонија, воедно и еден од најстарите и со најмногу изданија ракометни турнири воопшто во светот, „Струга“, годинава ќе го има своето 51 издание, на кое ќе учествуваат шест екипи. Три од нив се странски тимови со што турнирот го задржа и меѓународниот карактер. 

Организаторот на турнирот денеска ги соопшти и термините за овогодинешното издание што ќе се игра од 16 до 19 август на игралиштето „Женска плажа“ кое сега го носи името „Горан Поповски - Бабец“. 
Актуелен освојувач на турнирот е екипата на Е. Пелистер, но битолчани летово нема да го бранат пехарот на брегот на езеротот. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА СТРУГА 2023
16 АВГУСТ (СРЕДА)
18:30  РК СТРУГА - РК ВАРДАР 1961
19:55  Свечено отворрање на турнирот
20:40  РК АЛКАЛОИД - РК ДИНАМО ПАНЧЕВО

17 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК)
18:30  АЕК АТИНА - РК ДИНАМО ПАНЧЕВО
20:30  РК СТРУГА - ЕСКЛИСТУНА ГУИФ

18 АВГУСТ (ПЕТОК)
18:30  РК ВАРДАР 1961 - ЕСКЛИСТУНА ГУИФ
20:30  РК АЛКАЛОИД - АЕК АТИНА

19 АВГУСТ (САБОТА)
10:30  Меч за 5 место
18:30  Меч за 3 место
20:30  ФИНАЛЕ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk