Лоши вести за Бенфика на Талески

Една од најголемите надежи на португалскиот ракомет, Габриел Кавалканти ќе пропопушто голем дел од сезоната. Младиот ракометар (19) кој требаше да биде и поддршка за Филип Талески на левата бековска позиција, го превиткал коленото што предизвикало руптура на предниот вкрстен лигамент. 

Процедурата за овој тип на повреда, во зависност од степенот на оштетување на лигаментот предвидува операција и пауза која вообичаено трае шест месеци. 

Ако не знаевте: Габриел Кавалканти е помлад брат на ѕвездата на Нант и португалската репрезентација Александре Кавалканти.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk