Висок пораз на кадетките на стартот на ЕП

РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА   40-27 (13-15)

Женската кадетска репрезентација на Македонија е убедливо поразена од соодветната репрезентација на Романија во првото коло од ЕХФ Еуро У17 што се одржува во Подгорица.
Македонија беше резултатски во минус, но генерално рамноправна во првите дваесетина минути од натпреварот. И тогаш беше прилично јасно дека постои разлика во квалитет во полза на Романките, но минусот од два до три гола беше доволно добро (10-13, 17 мин).
Потоа почнаа работите да одат во полза на Романија, нивното водство од три гола во 17 минута стана плус пет во 22 мин (18-13), па одеше нагоре до 22-13, за на одмор резултатот да биде 23-15.
Плус 10 беше при резултат 28-18, потоа беше 33-20, па 38-24 на десет минути до крајот. 

Ива Младеновска со 10 и Анастасија Трпеска со седум гола беа најдобрите македонски стрелци.  


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk