-
01.08.2023
-
Вести, Планета ракомет
Една од топ темите во германскиот ракомет во предсезоната е екипата на Мелзунген која ја предводи тренерот на шампионскиот Вардар од 2019, Роберто Гарсија Парондо. Шпанскиот стратег се обидува да состави тим што ќе му носи резултати, а тоа досега не беше случај.
Од шампионскиот Вардар 1961 таму се Рожерио Мораеш и од годинава Даинис Криштопанс, а летово си замина Глеб Калараш.
Тоа што е интерено е дека во летошниот недостаток на десни бекови, Мелзунген, исто како и Динамо Букурешт се соочува со спротивното - има вишок на врвни десни бекови.
Во оваа екипа играат Иван Мартиновиќ (од следното лето оди во РНЛ), споменатиот Криштопанс и германскиот репрезентативец Каи Хафнер. Дури се споменуваше и доаѓање на уште еден десен бек, од Египет каде што Парондо како нивни селектор добро ги запозна сите играчи и услови.
Сеедно, еден од актуелните веројатно ќе мора да замине, а тоа се чини е капитенот Каи Хафнер. На последниот контролен меч доби само 10-тина минути, а потоа клубот одлучи дека нов капитен на екипата ќе биде репрезентативното крило Тимо Кастенинг. Најава дека деновите на Хафнер кој има договор до 2024 се одбројани?
Од друг агол, Македонија има добри конекции со Парондо и Мелзунген, а двата најпознати македонски клубови се дефицитарни на десната бековска позиција.
Поврзани вести