Се врати Карабатиќ, деби на Холм и Тонесен

Пари Сен Жермен го одбра Токио за база на подготовки за сезоната. Во далечната Јапонија ПСЖ го одигра својот прв натпревар на кој дебитираа новите засилувања Јакоб Холм од Данска дојден од Фуксе Берлин и Кент Робин Тонесен од Норвешка дојден од редовите на ПИК Сегед. 

Но, веста број еден за ПСЖ е враќањето на терен на Никола Карабатиќ. Тој го пропушти вториот дел од сезоната поради проблеми со вените на нозете и иако беше (не)формално најавен и за Ф4, не заигра во Келн. 
Но, следната сезона Карабатиќ се враќа во игра и има што да докаже и покаже, затоа што ова можеби е неговата последна сезона во која треба да се избори и за место во олимпискиот тим на Франција кој ќе игра на домашен терен на следните Олимписки игри во 2024. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk