Најуспешниот ракометен колектив, Барса и германскиот тим Фуксе Берлин добија валјд карти од ИХФ за настап на следното издание на Светското клупско првенство - Супер глоуб. Овој клупски шампионат ќе се игра од 7 до 13 ноември во Саудиска Арабија.
Осум од 12 учесници се сега официјално потврдени.
На следниот Супер Глоуб потврдено ќе учествуваат екипите на Барса, Фуксе Берлин, Магдебург, Келце, потоа Ал Најма од Бахреин, Ал Ахли од Египет, Сан Фернандо од Аргентина и Сан Франциско од САД.