РК Алкалоид денеска ги претстави засилувањата за претстојнава сезона. Македонскиот вицешампион ангажираше четири нови ракометари со кои екипата треба да биде поконкурентена на домашната сцена и соодветно да ја претставува Македонија во Европската лига.
Алкалоид носи познато домашно име на позицијата десен бек. Мартин Велковски, македонски репрезентативец кој има солидно резиме со настапи на големи натпреварувања во дресот на нашиот национален тим е едно од новите имиња.
На позицијата пивот, ангажиран е 207 сантиметри високиот пивот Стефан Стојчевиќ. Тој има само 20 години, а досега има настапувано за екипите на РК Аеродром и РК Бутел Скопје.
Главната сила на екипата и во претстојната сезона се македонските играчи, но новитет во „Автокоманда“ се и странски засилувања кои имаат цел не само да го зајакнат тимот, туку и играат важна улога во напредокот на екипата и на домашните ракометари.
Од Франција доаѓа левото крило Арно Бинго (35). Познато име од репрезентацијата на Франција и играч кој играл за Трембле, Монпеље, Спортинг, а во РК Алкалоид доаѓа од редовите на Бенфика.
Второто интернационално засилување е кубанскиот голман Алехандро Ромеро Карерас, Во Европа има настапувано за екипите на Порто, Прованс, Понто Комбо...