ИН МЕМОРИАМ: Замина битолскиот Моцарт

Секој клуб има свои легенди. Дел од нив на теренот, дел од нив што не се гледаат на сцената, но целиот свој живот го имаат посветено на клубот кој така низ годините станал дел од нивниот живот, а тие нераскинлив дел од него. 



Ѓорги Гроздановски попознат како Гоце Гроздановски Моцарт е меѓу најголемите битолски ракометни легенди. Речиси 60 години беше во битолскиот ракомет, безмалку од првите ракометни денови беше дел од секој успех на клубот.
Ако нешто ве интересираше за Пелистер или ракомет, можеше во секое време да се јавите кај неуморниот Моцарт кој секогаш имаше приказна за што и да го прашате. Работеше на повеќе функции во клубот, водеше сметка се да биде на своето место со години. 

Во 2013 се пензионираше, а остана зелено бел во душата до последниот момент. Гоце Георгиевски Моцарт засекогаш си замина денеска, на 84 годишна возраст. 
Почивај во мир
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk