Шек и „Шек“ планираат ракометна лига во САД

Готје Мвумби или ракометниот Шек веќе имаше шанса во неколку наврати да се сретне со оригиналот, Шекил О'Нил, па дури и да договори соработка, односно отпочнување на ракометен проект во САД. 

Мвумби кој се прослави првенствено со својот изглед на дебито за Конго на СП Египет 2021, е амбасадор на Детриот Хендбал во САД, но идејата е Шекил О'Нил да најде инвеститори и заедно со Мвумби да организираат ракометна лига во САД. 
Олимписките игри во 2028 што ќе се одржат во САД се целта, а САД ќе финансира во промоција на сите спортови во пресрет на тие ОИ, па можеби ќе се појави заинтересираност и за ракомет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk