Прв пехар за противникот на Вардар

Противникот на Вардар 1961 во квалификациите за Европската лига, екипата на Рајн Некар го освои С-Куп, турнир што се одржа во Германија, а каде настапија бундеслигашките екипи Балинген, Гепинген и Штутгарт, како и швајцарската Амичитија. 

Во финалето на турнирот, РНЛ со дури 41 гол постигнат во мрежата на Гепинген (41-37) го освои пехарот, а претходно беше подобар и од Балинген (36-29). 
За одбележување од овој турнир е враќањето на терен на поранешниот играч на Металург, Халил Јагањац и тој несомнено ќе биде засилување и голема опасност за голот на македонскиот тим кога ќе дојде ред на тие средби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk