РНЛ без Гензајмер до крајот на годината

Најатрактивниот и најпознатиот играч на Рајн Некар Ловен, Уве Гензајмер (36) нема да се врати назад на теренот најмалку до крајот на годината. 
Поранешниот капитен на германската репрезентација во јуни беше на операција со која му беше средено комплетно коленото (вкрстени лигаменти, менискус и чашката на коленото). 

Гензајмер за германски медиум објасни дека минал низ пекол по операцијата. Првите недели по операцијата болките биле толкави што морал (под лекарски надзор) да зема Тилидин, средство за смирување на болки што е толку силно и создава убави чувства што често го користат и за други намени, особено на хип-хоп сцената, па затоа е познат и како „раперска дрога“. 

Употребата на Тилидин завршила откако по извесно време болките се смириле, но докторите немаат јасна претстава кога Гензајмер би можел да се врати на сцената. За дуелите со Вардар во квалификациите нема никакви шанси. 

Ако не знаевте: Уве Гензајмер целата своја професионална ракометна кариера ја мина во екипата на Рајн Некар Ловен. Освен периодот од 2016-2019 кога играше за Пари Сен Жермен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk