РНЛ влегува во ритам, денеска игра финале

Противникот на Вардар во квалификациите за групната фаза на Европската лига, екипата на Рајн Некар е активна и деновиве учествува на С-Куп, турнир во Германија во кој учествуваат неколку бундеслигашки екипи.

РНЛ вчера го разби тимот на Балинген. Водеа „лавовите“ со десет гола разлика уште во првиот дел (24-14), а потоа имаа и 34-22, за на крај да запишат победа од 36-29. Голманот Мануел Шпет беше јунакот, тој имаше 16 одбрани и ги откажа играчите на Балинген. 

Денеска од 16:00 часот, РНЛ ќе игра со Гепинген, победникот ќе го освои пехарот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk