-
30.07.2023
-
Вести, Трансфери
Екипата на Охрид летово доживеа уште една голема трансформација на играчки и тренерски план и би требало следната сезона да биде многу сериозен ривал на сите екипи во домашното првенство, вклучувајќи ги овде и клубовите што традиционално конкурираат за шампионскиот пехар.
Уште едно, ново и познато име потпиша за охридскиот клуб. Горан Крстевски, македонски репрезентативец дел од јуниорската генерација која освои шесто место на мундијалот во Алжир 2017 година.
Горан Крстевски како и најголемиот дел од репрезентативците првото калење го имаше во Металург, а потоа две сезони играше во Битола. Од 2019 е интернационалец, настапуваше за екипите на Линц Австрија и Фочани од Романија. Игра на позиција централен или лев бек.
Охрид летово ангажираше девет играчи од кои дел репрезентативци како Милорад Кукоски и Гоце Ојлески, потоа помладите Никола Стоилевски, Даниел Ѓорѓески и Бобан Ристевски плус странските засилувања Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.
Во првиот дел од Суперлигата, Охрид ќе игра во групата со екипите на Алкалоид, Струга, Куманово, Тиквеш, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром.
Поврзани вести