Металург со нов тренер и нови амбиции

Женската ракометна сцена ќе биде интересна и следната сезона. ЖРК Металург амбициозно ќе влезе и во новата сезона од женската ракометна лига, откако клубот од Автокоманда набрзина се консолидираше по проблемите со кои се соочи во финишот од ланскиот шампионат.

Големата новина е реконструкцијата на клупата и доаѓањето на Силвана Карбеска за нова предводничка на стручниот штаб на ЖРК Металург. Карбеска е позната како меѓународен судија, но паралелно веќе неколку сезони успешно води и тренерска кариера.
Таа доаѓа заедно со Марко Миркуловски од таборот на ЖРК Шампион, а заедно со нив двајца во Металург доаѓаат и дел од ракометарките на Шампион.
Веќе е договорено и стартот на подготовките да биде на 9 Август и истите ќе се одвиваат во Скопје. Она на што во ЖРК Металург се исклучително горди е функционирањето на младинската школа, па така овој клуб ќе има свои екипи во сите категории на женската ракометна сцена на Македонија, пионерки, кадетки, младинки и сениорки.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk