Хорор во Шпанија, пет повредени ракометарки

Шпанската федерација го стопираше шампионатот во ракомет на плажа, откако на некои од игралиштата во Алмерија во песокот се појавиле шајки. 
Пет ракометарки заработиле повреда од шајките и добиле инјекции. 
Турнирот во ракомет на плажа во Шпанија е голем настан на кој учествуваат околу 4000 учесници. Вкупно 268 екипи се натпреваруваат во сите возрасни категории.

Словенецот Лука Жвижеј е нов тренер на австрискиот тим Барнбах -Кофлах, екипа во која своевремено играше и македонскиот интернационалец Влатко Митков.

ЕХФ одново има проблем со скандинавците. Не е слегната прашината околу Колстад и нивниот манипулански почеток, Виена сега се „влече за дрес“ со данските тв станици. Ниту една станица не се заинтересирала да ги пренесува натпреварите од ЛШ и Европската лига во Данска во формат каков што вообичаено се практикува. 
Во игра сега разни платформи се зборува за пеј пер вју преноси и слично. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk