Нов француски трансфер на Даниел Дупјачанец

Македонскиот интернационален голман, Даниел Дупјачанец и следната сезона ќе биде надвор од Македонија и ќе ја продолжи својата ракометна авантура во Франција.
Искусниот голман потпиша договор со екипата на Бањол.

Даниел Дупјачанец е поранешен капитен на Металург и голман во чие резиме се запишани и настапи за македоската репрезентација. Мината сезона беше успешна сезона за него во Франија каде прво настапуваше за Вилербан, а потоа и за Курнон Д'Аверњи, 
Прикажаните партии беа препорака тој да најде нов ангажман во францускиот ракомет. Бањол е клуб што се натпреварува во третата француска лига, со амбиции сезонава со Македонецот на голот да се обиде да се избори за промоција во повисок ранг на натпреварување.

Искуството на Даниел Дупајчанец ксекако ќе им биде од голема корист. Даниел Дупјачанец има зад себе додема солидна кариерата која ја почна во Тутунски Комбинат, а од македонските клубови има настапувано и за Младост Богданци и за Металург. Со Металург  стигна до куп-трофејот по одличниот настап што го имаше во големото финале во Куманово против Вардар. Како дел од меѓународната кариера искусниот голман има настапувано за екипи во Косово, потоа за Азоти Пулави во Полска, за Кадетен Шафхаузен во Швајцарија...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk