Димитар Узунчев го пропушта кадетското СП!

Голем хендикеп доживеа македонската кадетска репрезентација на само неколку дена до стартот на Светското првенство У19 што ќе се одржи во Хрватска. 

Единствениот десен бек и еден од најдобрите играчи во тимот, Димитар Узунчев се повреди и ќе го пропушти мундијаллот. 
Фрактура на метатарзална коска на стапалото е дијагнозата на повредата здобиена вчера, на контролниот меч на кадетите со екипата на Еурофарм Пелистер. Операција веројатно нема да биде потребна, стапалото е “гипсирано“, а паузата ќе биде најмалку 3-4 недели. 

Македонските кадети во понеделник патуваат за Ријека, а на 2 август ќе го одиграат натпревар на кој противник ќе ни биде селекцијата на Норвешка. Потоа ќе играме и со Црна Гора и Грузија. Оваа повреда е сериозен удар за нашата екипа. Тренерскиот тандем Стојановиќ и Ангеловски ќе мора итно да смислат нови решенија со кои ќе го компензираат отсуството на Димитар Узунчев. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk