-
26.07.2023
-
Вести, Планета ракомет
Две ракометни империи останаа нечепнати во последните 30-тина години. По годинешниот пад на Чеховски медведи, крајот на доминацијата на Татран Прешов, само два тима не знаат за финален пораз во домашниот шампионат.
Куриозитет, имаат ист број на шампионски титули - 31.
Едната екипа е Будуќност од Подгорца. Никогаш во историјата Црна Гора немала друг шампион освен Будуќност.
Единствената екипа во машкиот ракомет е ППД Загреб. Никогаш Хрватска немала друг шампион освен Загреб.
Конкуренти имало, ако нас не прашате своевремено Метковиќ сосема легитимно го детронизираше Загреб, но нивниот најдобар играч, а тоа е Зоран Гобац најде решение како административно да му одземе бодови на Метковиќ што беше спектакл сам по себе и преседан каков што никогаш немало во ракометот. Нејсе.
И додека со сигурност можеме да кажеме дека Будуќност и следната сезона ќе биде шампион на Црна Гора, од септември доаѓа вистинскиот предизвик за ППД Загреб, нивниот тренер Славко Голужа и нормално нивниот најдобар играч Зоран Гобац.
Нексе денеска објави дека потпишале и со Ловро Јотиќ, поранешен играч на Е. Пелистер и на Вардар.
Тоа е уште едно звучно засилување за Нексе кој годинава ги доведе Марко Безјак, Мануел Штрлек, Гал Маргуч, Огњен Цениќ и израелскиот ас Адир Кохен.
Со актуелниот состав и новите играчи, Нексе на хартија ќе биде кадарен да се бори многу сериозно за пехарот. Како ќе биде на терен...