-
25.07.2023
-
Вести, Актуелно
Апелацииониот суд Скопје денеска ги потврди казните на тројцата осудени за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски ќе треба да издржи 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така ќе треба да одлежи 18 години. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години.
Преиначување има, но само во делот на износот на нематеријалната штета, што треба да се исплати кон семејството на жртвата.
„Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т.Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И.Т., татко на починатиот, а на Б.Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, известуваат од скопскаскиот Апелационен суд.
Поврзани вести