Пола судии и делегати паднаа на тест

Нов хаотичен момент има во романскиот шампионат, откако беа обелоденети резултатите од писмените и физичките тестови за судиите и делегатите, неопходни за добивање на лиценца. 

Тестовите биле малку изменети, се состоеле од 30 прашања на кои точен одговор за да се мине тестот бил потребен на 24. 
Пола од судиите и делегатите паднале на тестот. 

По ова следеше побуна на службените лица кои обвинуваат за сѐ и сешто, од немерно елиминирање до грешки во процедурата. 
Претседателот на ФРХ, Константин Дин, поранешен судија, имаше подолго излагање во медиумите и потврди нема да бидат поништени овие резултати. Вториот испитен рок е во август. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk