Македонскиот интернационалец Филип Талески ја задолжи својата опрема во Бенфика и ги почна подготовките за претстојната сезона.
За Талески ова е трет странски клуб за кој настапува по Рајн Некар Ловен и Белинген. Португалскиот тим е сериозна работа, секоја година поставува повисоки цели, а сезонава тоа несомнено ќе биде шампионски пехар во домашното првенство и повторување на преланскиот успех - пехарот од Европската лига.
Бенфика е во групата со Кристијанштат, Нант и победникот од бараж дуелот меѓу Вардар и Рајн Некар Ловен, па не е исклучено да го видиме Талески во дрес на Бенфика и во „Јане Сандански“.