Шест милиони долари за Микел Хансен!

Добредојде за шеиците во ракометниот свет! Ако е точна неофицијалната информација што ја објави тунискиот ракометен новинар Рамзи Бен Тахер на својот Твитер профил, данскиот ракометар број еден, Микел Хансен има понуда од Саудиска Арабија вредна 6 милиони долари! 

Пред само неколку дена објавивме дека Андре Гомеш место во Фуксе Берлин замина во С. Арабија за сума од 600 до 900.000 евра во зависност од резултатите и бонусите. 
Ако е точно инфото за Микел Хансен, тоа е сосема друга димензија. 

Засега рекорден трансфер, иако и тој не е до цент потврден е трансферот на Никола Карабатиќ во ПСЖ вреден 2 милиони евра, а на прсти можат да се озбројат трансферите вредни над 1 милион евра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk