Клубот со најголем и најбрз подем во македонскиот шампионат, РК Алкалоид, денеска стартуваше со подготовките за претстојната сезона во која како вицепрвак на Македонија ќе игра и во групната фаза на Европската лига.
На првата прозивка се појавија сите ракометари, вклучително и четирите нови играчи. Алкалоид во Скопје ќе се подготвува до вторник, а потоа заминува на Маврово.
Во втората фаза од подготовките во која е предвидено да се играат и контролни натпревари, Алкалоид ќе учествува и на турнирот во Струга, а потоа ќе замине во Хрватска каде што ќе игра со екипите на ППД Загреб, Нексе, Сесвете и словенечката Добова.