-
24.07.2023
-
Вести, Планета ракомет
Динамо Букурешт е еден од клубовите кои привлекува поголемо внимание од другите поради нивниот буџет, амбиции и проект предводен од шпанските легенди Чави Пасквал и Давид Баруфет.
Динамо Букурешт ја имаше првата прозивка, на која не присуствуваше потенцијално најголемото засилување - српскиот ас Петар Ненадиќ.
Долго време е најавуван трансферот на овој бек, уште од моментот кога среде сезона го напушти Веспрем и замина во ПСЖ.
Се очекуваше дека по крајот на полугодишната соработка со ПСЖ ќе биде формалност преселбата во Романија, но дали моментот што Динамо не доби вајлд карта во ЛШ, дали нешто друго или трето, нема никаков нов момент или абер околу овој трансфер.
Динамо на позицијата лев бек ги има Али Зеин, Анте Кудуз, Дан Емил Ракотеа и Роберт Милитару, па петти бек можеби нема ниту да има.
На позицијата централни бекови се Лазар Кукиќ, Жоао да Силва и Даниел Станчуик.
Овој клуб има и четири десни бека, тоа се Станислав Кашпарек, Едуардо Гурбиндо, Хавиер Хумет и Александар Цениќ. Шпекулациите велат дека Едуардо Гурбиндо би можел да замине.
Нема да дојде во Алкалоид како што се зборува(ше) одвреме-навреме, такви преговори немало.
Поврзани вести