Војводина носи пикер од Тунис

Освојувачот на ЕХФ Куп и противник на Алкалоид во претстојната Европска лига, екипата на Војводина од Нови Сад е блиску да донесе во своите редови втор туниски интернационалец како засилување за претстојната сезона. 

Марван Чуреф, поранешниот репрезентативец на Тунис, во последните пет години играч на францускиот Трембле е блиску до потпис со тимот од Нови Сад. 

Војводина во својот тим веќе го има Мохамед Азиз Адију кој дојде минатата сезона од редовите на Металопластика, а странци во тимот се и Словенецот Грегор Оцвирк, Хрватот Фран Милета и нивниот најдобар играч, Белорусинот Борис Пуховски. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk