Место Русија, Романија ќе го добие ЕП 2026

Романија е многу блиску до добивање на организацијата на Европското првенство во женска сениорска конкуренција што треба да се одржи во 2026 година. 
Оригиналното сценарио предвидуваше ова ЕП да се одржи во Русија, но тие се во моментов под суспензија и ЕХФ и формално го им го одзема правото на организација. 

Романија е во завршната фаза на преговори со ЕХФ и во секој момент се очекува потпис на договорите и преземање на организацијата на ова ЕП. 

Единствена друга држава што била заинтересирана за организација, била Шпанија, но тие се повлекле и заедно со Португалија и Швајцарија ќе конкурираат за ЕП 2028. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk