Аеродром се сели во - Аеродром

РК Аеродром практично откако постои е клуб што успешно ја води својата приказна која првично се однесуваше само на младинските категории, потоа станаа и сениорски тим, а годинава тој сениорски тим ќе игра и во Суперлигата.
Работата со најмладите категории не остана во втор план, напротив во најсилната конкуренција Аеродром влегува со една шампионска титула. Клубот е првак на Македонија во пионерска конкуренција. 

Аеродром своите натпревари ги играше во „Автокоманда“, но следната сезона се сели во Аеродром. Екипата ќе настапува во „Јане Сандански“, а со првиот тим во оваа сала се селат и шампионите од пионерската и кадетската екипа. 
Подготовките на Аеродром ќе почнат на 4 август ќе се реализираат во Македонија, планирани се контролни натпревари со повеќе екипи од земјава. 

Наскоро клубот ќе информира и за новите играчи што треба да го направат поконкурентен во најсилната конкуренција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk