Колстад би можел да биде исклучен од ЛШ

Приказната за норвешкиот супертим Колстад и нивните финасиски проблеми уште пред да почне сезоната, објавени кратко откако добија валјд карта за ЛШ, стигнаа и до месечината. 

Норвежаните се лизгаат на тенок мраз, ЕХФ побара од Норвешката федерација и од клубот од прва рака информации околу комплетната финансиска состојба и лиценцирањето во Норвешка. 

Во меѓувреме реакции стигнуваат и од други држави. Извршниот директор на Бундеслигата, Фран Боман за германските медиуми изјави дека Колстад треба да биде исфрлен од ЛШ. 

„Тие веќе освоија шампионска титула со екипа што финансиски не можеа да си ја дозволат. Ако не ги најдат потребните пари, тогаш исклучувањето од Лигата на шампионите мора да биде директна последица на тоа што го направија. Натпреварувањето нема да биде легитимно ако продолжи со вакво прекршување“, изјави Боман. 

ЕХФ се истрча кога е во прашање овој норвешки тим и без да одигра ниту еден официјален натпревар во Европа му додели вајдл карта пред екипи со докажана традиција како Спортинг или со многу пари како Динамо Букурешт. 
Но, Сагосен, Јоханесен, Род, Бергеруд звучеа предобро за капиталниот проект на ЕХФ - Лигата на шампионите и тие ги искористија своите права што сами си ги доделија да поканат екипи по свој избор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk