Закажани дуелите меѓу Вардар и Рајн Некар

Европската ракометна федерација ги објави термините во кои екипите што конкурираат за групната фаза од Европската лига ќе ги играат своите натпревари. 

Меѓу овие вкупно пет плејоф парови е и македонскиот Вардар 1961 кој за пласман во групата ќе игра два меча со германскиот Рајн Некар Ловен. 

Првата средба ќе се игра во Скопје, на 26 август (сабота) со почеток од 19:00 часот, а реваншот е на 3 септември (недела) во Хејделберг, Германија со почеток од 16:00 часот. 

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во групата „А“ во која се Нант, Бенфика и Кристијанштат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk