Е. Пелистер потпиша со Гедбан

Алжирскиот репрезентативен голман Калифа Гедбан потпиша договор со Еурофарм Пелистер и претстојната сезона заедно со Урбан Лејсак и Марко Кизиќ ќе формира голманско трио какво што во Битола веројатно досега и немало. 
Калифа Гедбан во 2018 година дојде во Вардар по комплицираната трка што ја водеа црвено-црните со шпанскиот тим Пуенте Хенил каде што беше најавен како засилување од алжирскиот Петролерс.

Во 2019 со Вардар стана европски шампион, титула во која има вградено и тој доста елементи на одредени натпревари и моменти кои можат да се класифицираат како решавачки. 
Во 2020 замина од Вардар и отиде во Адемар Леон каде што остана една сезона, а потоа се пресели во Динамо Букурешт. По авршувањето на сезоната накратко замина во Катар, во Ал Рајан и беше најавен и очекувавме секој момент конфирмација дека потпишал за Тримо Требње. 

Но, не е Требње, туку Битола и Е. Пелистер следниот клуб на 26 годишниот Алжирец.  
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk