Трансфери: Пишман Магдебург, конкуренција за Талески...

Поранешниот голман и освојувач на ЛШ со Вардар, Калифа Гедбан, по Динамо Букурешт и кратката авантура на Блискиот исток, се враќа во Европа и тоа во словенечката екипа Тримо Требње.

Полскиот голман на Келце, Матеуш Корнецски место во Порто каде што требаше да биде алтернатива за Никола Митревски, кариерата ќе ја продолжи во новиот бундеслигаш Ајзенах. 

Мануел Гашпар, португалски голман познат по настапите за Спортинг, по полусезона мината во Нант каде што беше ангажиран за замена на повреден голман, останува во Франција, но во екипата на Дижон. 

Аргентинецот Џејмс Паркер го напушти тимот на Замалек од Египет и потпиша едногодишен договор со екипата на Ал Жарафа од Катар. 

Универзалниот шпански ракометар, Мигуел Санчез Мигаљон (дефанзивец, лево крило/лев бек, централен бек), заминува од полскиот Келце и следната сезона ќе биде соиграч и своевидна конкуренција на Филип Талески во Бенфика. 

По освоената шампионска титула во ЛШ, Магдебург меѓудругото се збогуваше и со полскиот бек Пјотр Чрапковски. Не мина ниту еден месец, се пишманија и решија да го вратат назад во клубот. 

ППД Загреб разговараше со неколку кандидати за нов тренер и на крајот одлучи да го задржи на клупата минатогогодишниот стратег Славко Голужа. 

Данската ракометна легенда Ларс Кристијансен е новиот спортски директор на екипата на КИФ Колдинг. 


 

Поврзани вести