Алкалоид утре ќе дознае со кои ривали ќе дели мегдан

Алкалоид утре ќе ги дознае своите први противници во деби сезоната во Европа, во која ќе се натпреварува во групната фаза од Европската лига. Алкалоид е во вториот шешир во извлекувањето што ќе почне во 11:00 часот во Виена. 
Можни противници ќе добие и Вардар, но црвено-црните пред себе го имаат Рајн Некар Ловен во квалификациското коло и прво треба да ја минат таа препрека. 

За групната фаза од Европската лига на сила е заштита, две екипи од иста земја да не можат да играат против себе. Тоа значи дека Алкалоид и потенцијално Вардар би се избегнале во групната фаза. 
Ова значи дека Алкалоид не би играл и против РНЛ, а Вардар би ги избегнал Фуксе Берлин и Флензбург.

Натпреварите од групната фаза на Европската лиха ќе се играат од средината на октомври до средината на декември. Вкупно 32 екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи од кои двете подобро пласирани, вкупно 16 продолжуваат во нова групна фаза. 
Со оглед на шареноликоста на квалитетот на екипи што ќе ги видиме утре во ждрепката, какви шанси има Алкалоид за добар пласман ќе можеме да анализираме и коментираме дури откако ќе бидат формирани групите. 


ЕВРОПСКА ЛИГА ГРУПИ
1. ШЕШИР: Фуксе Берлин, Спортинг, Нант, Куенка, Горњик Жабже, Нексе, Бјерингбро, Кадетен Шафхаузен
2. ШЕШИР: АЛКАЛОИД, Кртистијанштад, Татабања, Горење, Бистрица, Динамо Букурешт, АЕК, Елверум
3. ШЕШИР: Флензбург, Бенфика, Шамбери, Ла Риоха, Глогов Хробри, Скјерн, Криенс Луцерн, Севехоф
4. ШЕШИР: Војводина, Извиѓач, Ловќен, Иштад/Хановер, Вардар/РНЛ, Тримо/Брага, Констанца/Гранољерс, Агуаш Санташ/Винтертур

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk