Стоилов замина во играчки легенди

Столе Стоилов е легенда на ракометниот клуб Вардар, единствениот во македонскиот машки ракомет кој прв го подигнал шампионскиот пехар од Лигата шампионите. Безбројните битки на теренот за него завршија летово. 
Во продолжението на ракометната сезона, Стоилов почнува нова авантура и ќе го гледаме на клупата на Вардар заедно со Владо Недановски и како координатор на младинските категории.

„Низ годините видов убави работи од Вардар, знам како се чувствував кога бев дел од тоа. За жал, во последните години Вардар беше оставен сам на себе, со многу опструкции, но мислам дека сме подготвени да свртиме нов лист. Целта е да го вратиме Вардар онаму каде што припаѓа, пак да биде шампион на Македонија и да игра во Лигата на Шампионите. Можеби тоа нема да се случи веднаш, но ќе работиме за таа заедничка желба да се реализира. Не велам дека ќе биде лесно, пред нас е многу работа, но веруваме во потенцијалот што го поседуваме како клуб“, изјави Стоилов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk