Гомеш оди во С. Арабија, за многу пари

Саудиска Арабија го „вади од памет“ европскиот фудбал со баснословните понуди за најдобрите светски фудбалери, а се чини не е далеку од моментот да ја крене во облаци и цената на ракометарите. 

Андре Гомеш, 24 годишниот португалски интернационалец е пробива голема бариера. Тој се збогува со Парондо и Мелсунген со очекување на ракометната јавност да се пресели во Берлин. 
Но, Андре Гомеш нема да оди во Берлин, туку ќе оди во Ал Сафа од Саудиска Арабија со едногодишен договор. 

Португалскиот ас таму би заработил од 600 до 900.000 евра во зависност од резултатите што ќе ги постигне екипата. 
Оваа информација за германскиот Билд ја потврдил менаџерот на Андре Гомеш. Набрзо потоа беше и потврден трансферот од арапската страна.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk