Вардар немаше среќа во ждрепката

По цела деценија настапи во Лигата на шампионите, Вардар 1961 оваа сезона повторно по (2012/13) ќе се натпреварува во второто по ранг европско натпреварување - Европската лига. 
Настапот го почнува во единственото квалификациско коло, според ранкингот на Македонија и освоеното трето место во домашната Суперлига. 

Вардар не беше меѓу носителите и имаше пет можни противници. Среќата сакаше, во квалификациите да се сретне со екипата на Рајн Некар Ловен. 
Првата средба ќе се игра во Скопје на 26/27 август, реваншот седум дена подоцна во Германија. 

Вардар ќе биде дел и од ждрепката што ќе се одржи на 21 јули. Тогаш ќе ги дознае противниците во групната фаза, екипи со кои ќе игра во групната фаза во октомври, нормално, доколку се квалификува. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk