ЖЕНИ ЕХФ: Ѓорче Петров, Чаир и Куманово добија противници

Три женски екипи од Македонија годинава учествуваат во ЕХФ Европскиот Куп. Тоа се екипите на Ѓорче, Чаир и Куманово. 
Денеска беше одржана ждрепката за второто коло во кое се сместени сите три македонски претставници. Вкупно 64 екипи беа во оваа ждрепка, со тоа што Ѓорче беше рангира во првите 32, а Чаир и Куманово во вториот шешир. 

Ѓорче Петров за противник ја доби екипата на Тиват од Црна Гора
Чаир за противник ја доби екипата на Венло од Холандија
Куманово за противник ја доби екипата на Херцегонбусе од Швајцарија. 

Првите натпревари ќе се играат на 23/24 септември. Реванш натпреварите една недела подоцна. Сите наши екипи, првите натпревари би требало да ги играат на домашен терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk