Резо Чантурија заминува за Германија!

Реваз Чантурија (41), интернационалецот кој со деценија веќе не го чувствуваме како странец, по 19 години минати на терените низ Македонија, претстојнава сезона оди на нова печалба, во екипата на Грибенлампе Цвикау од Германија, тим каде што веќе имаат играно неколку македонски интернационалци.

Грузискиот Македонец во Скопје притистигна во 2004 година, со автобусот со кој беа играчите на Шевардени, на дуел со скопски Металург во Автокоманда. 
По двата дуела, автобусот замина за Тбилиси, а во Скопје остана младото 20 годишно десно крило. Со своите манири, карактер и игра брзо стана омилен во Автокоманда, каде што мина шест години. 
Потоа почна преселбата, една година во Вардар, една во Пелистер, па четири во Струмица. Потоа одново Пелистер, па Струга, па имаше кам бек каде што сѐ и почна - во Металург. 
Во 2020 замина за Прилеп и минатата сезона таму беше во улога на играч - тренер. 
Годинава очекувавме да го преземе кормилото, но прилепчани го менуваат концептот и ангажираа друг стратег. 

По ова Чантурија реши да се пресели во Германија и да ја одигра и ова сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk