Ловќен нишани сѐ повисоко, го мерка Борозан

Црногорскиот шампион Ловќен, годинава имаше промоција во групната фаза на Европската лига, на мала врата без квалификации, како екипа, шампион на држава што бараше надградба. 

Овој црногорски тим почна проект што изгледа доста сериозно, ако цениме според купувањето на нови играчи. Го ангажираа тренерот Перо Милошевиќ и потпишаа со „битолчанецот“ Мирко Радовиќ.
Повратници се Филип Борозан, Лука Вујовиќ, Вук Лакичевиќ... а сега тргнаа и по голема ѕверка. 

Следен на списокот на желби и играч со кого почнале преговори е поранешниот играч на Металург и освојувач на ЛШ со Вардар -  Вуко Борозан, објави црногорскиот Вјести. Тој е слободен играч откако ја одработи сезоната во Катар. Претходно се договори, но не заигра за ППД Загреб. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk