Микел Хансен ќе ja запознае Битола

Ракометна Битола ќе има што да види есенва. Мноштво ракометни суперѕвезди ќе допатуваат во битолската сала на дуел со Е. Пелистер, а меѓу нив ќе биде и до неодамна најдобриот меѓу најдобрите - Микел Хансен. 

Данскиот ас од почетокот на февруари привремено ја прекина кариерата и остана да ја лекува состојбата на стрес. Ако сѐ биде како што треба, ќе се врати во јули“, објави тогаш менаџерот на Алборг. 

Подготовките на Алборг почнуваат во четврток, а во строј ќе биде и Микел Хансен. Тоа денеска го потврдија од менаџментот на Алборг за данските медиуми. 
Микел Хансен повторно е физички и ментално фит да го работи тоа што најдобро го знае, пишуваат Данците, а овој пат во Алборг, поддршката ќе му биде далеку поголема затоа што дојдоа Никлас Ландин и Симон Халд. 

Е. Пелистер со Алборг ќе се сретне во второто коло, но како гостин. Во Битола ќе се игра на 28 февруари.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk