Се засили и Е. Пелистер 2

Битолскиот Еурофарм Пелистер 2, денеска информираше за засилување што доаѓа во нивните редови. Повратник во тимот е 26 годишниот Трпчевски. 

РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е десниот бек Стефан Трпчевски. 26-годишниот ракометар потекнува од школата на нашиот клуб и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства.
Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.
Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk