Утре ќе се одржи најголемата сезонска ждрепка во која противници ќе добијат и четири македонски претставници во европските купови претстојната сезона.
Еден од тие четири тимови е и кавадаречкиот ГРК Тиквеш, екипа која минатата сезона имаше добри, изненадувачки резултати.
Сега со делумно изменет состав кавадарчани ќе си ја мерат силата и со странски противници, во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонија по десетина години се враќа во ова натпреварување. Досега имавме повисок клупски рејтинг, па имавме три претставника во Европската лига, но тоа ниту еднаш не го материјализиравме со пласман на втора екипа во групната фаза. Квалитетот на македонските екипи од позицијата три и четири, не соодветствуваше со силината на квалификациските противници, досега.
Сега Македонија ќе има претставник во послабниот ЕХФ Европски Куп (поранешен Челнинџ), а таму бидејќи сме „нови“ стартувавме од позицијата 30. Тоа, сепак, е доволно добро за место во првиот шешир во второто коло.
Утре почнува големата ждрепка, а можни противници се екипите на Металопластика, ПАОК, Кокс, тука е потенцијално и Валур, екипа засилена со Арон Палмарсон и Александер Петерсон. А секако би било непријатно за споменување, ако ГРК Тиквеш треба да игра со претставникот на Азербејџан, екипата што е рангирана на позицијата 52.
Погледнете во табелата и зошто.
МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ НА ГРК ТИКВЕШ