Прво НЕ за помала плата во Колстад, почнува ли распадот?

Норвешкиот Колстад, формираше дрим тим што го сврте вниманието кон себе, обезбеди и вајлд карта за ЛШ без да заигра барем еден меѓународен натпревар, но сега нема пари да ги покрие платите на играчите. 
Клубот побара од играчите да се согласат за 30 % помали плати во првата година, но тоа наиде на остри реакции насекаде. 

Колстад драматично брзо ја загуби популарноста и сега стана цел на повеќе европски екипи кои сакаат да ги купат ѕвездите што Норвежаните не можат да ги платат. 

Во прв момент, ракометарите беа умерени со изјавите, но сега стигна и првата неофицијална информација дека нема сите да прифатат намалување на платата. 

Прв кој ја отвора излезната врата е исландскиот плејмејкер Јанус Дади Смарасон. Тој наводно одбил помала плата и веќе е договорен за трансфер во европскиот шампион Магдебург. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk