Колку билети продаде Кил минатата сезона?

Најпопуларниот тим во ракометнниот свет е Кил. Тоа не е нити дискутабилно. о години наназад сите нивни натпревари се распродадени уште пред да почне сезоната. 
Некогашната Остзехале сега спонзорски наречена Вундерино Арена по проширувањето собира над 10.000 гледачи. Купувањето на клупските реквизити е дел од културата на живеење во Кил, за пивото и колбасите во салата не треба ниту да зборуваме. 

Кил објави податок дека последнава сезона во Вундерино Арена тимот го гледале (според продадени билети) 249.445 гледачи. 
Ако земеме просек на цена на билет од 30 евра, тоа се околу 7.500.000 евра инкасирани од билети. Не правете споредби, таму даноците се високи, трошоците поинакви и слично, но значајна сума со шест нули секако останува во клупската каса. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk