Кузмановски отвора со европскиот шампион, трансфери во Порто, Алборг...

Одредени се паровите од првото коло во Бундеслигата за наредната сезона. Единствената екипа во која има македонски претставници (Кузмановски и Миркуловски), Вецлар во првото коло на домашен терен ќе игра против европскиот шампион Магдебург. Бундеслигата стартува во последната недела од август.

Порто стана активен на маркетот. Клубот на нашиот интернационалец Никола Митревски, го промени тренерот по пет сезони и место Магнус Андерсон го назначи Карлос Ресенде. Португалскиот шампион го доведе од шпански Адемар ракометарот Давид Фернандез, а од клубот заминува Јек Турин кој ќе оди во Данска, во екипата на Алборг. 

Женската У19 репрезентација на Македонија, на ЕХФ Еуро во Романија, ќе разигрува со Исланд за избегнување на мечот за фенерот. Таа средба ќе се игра утре со почеток од 12:00 часот. 

Женската У19 репрезентација на Португалија го повтори успехот на своите машки врсници. Од улога на голем аутсајдер успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП каде што утре ќе се сретне со светскиот вицепрвак Данска. 

Спортинг Лисабон го промовираше своето засилување на позицијата лево крило. Тоа е исландскиот ракометар Ори Фреир Торкелсон кој досега играше за Елверум. 

Логроњо Ла Риоха го доведе левиот бек Тијаго Алвеш од редовите на францускиот тим Кретеј. Овој бразилски бек треба да го замени сонародникот Лучијано Силва кој минатата сезона како позајмен играч од Бенфика играше во Ла Риоха, но не ги исполни очекувањата на клубот. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk